Дома Трансфер зона ФОТО: Перишиќ фотографиран на лекарски прегледи!

ФОТО: Перишиќ фотографиран на лекарски прегледи!

Иван Перишиќ повеќе нема да го носи дресот на Интер, барем не во оваа сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Следната дестинација на Перишиќ ќе биде Баерн. Тоа го потврди фотографијата која ја објави познатиот германски весник „Билд“. Хрватскиот репрезентативец денеска околу 11:30 часот ги направи лекарските прегледи во германската болница, по што го чека потпис на договорот.

„Да, само што ги направив лекарските прегледи“, изјави Перишиќ за германските новинари.

Неговиот трансфер во Баерн би требало да биде официјализиран денеска. Станува збор за едногодишна позајмица во износ од пет милиони евра и е со право на откуп за сума од 20 милиони евра. Перишиќ претходно во Бундеслигата настпуваше за Борусија Дортмунд и Волфсбург.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…