Нападот на Јувентус е преполн и италијанскиот првак сака да се реши од неколку скапи офанзивци ова лето.
Италијанските медиуми тврдат дека Марио Манџукиќ е на заминување од Јувентус. Италијанскиот првак сака да заштеди на неговата плата, а верува и дека може да добие помеѓу 10 и 12 милиони евра за 33-годишниот напаѓач.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Corriere dello Sport“ јавува дека за хрватскиот напаѓач и понатаму е заинтересирана Борусија Дортмунд. Минатиот месец Манџукиќ одби трансфер во Борусија надевајќи се дека ќе си оди во поголем клуб, но во меѓувреме пропадна заминувањето во Манчестер Јунајтед.
Покрај Борусија, за Манџукиќ е заинтересиран и ПСЖ. Уредникот на порталот „TuttoJuve“ тврди дека интересот на францускиот шампион е се поголема. Манџукиќ има договор со Јувентус уште две години.