Дома Топ вести Еве како ќе изгледа „новиот“ Арсенал (ФОТО)

Еве како ќе изгледа „новиот“ Арсенал (ФОТО)

Eкипата на Арсенал амбициозно влегува во новата сезона.

„Топџиите“ ова лето одработија одличен преоден рок. Потрошија дури 141 милион фунти на засилувања, а играчот од кој најмногу се очекува е Николас Пепе.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска беше платен 72 милиони фунти и стана најскапиот фудбалер во историјата на клубот, а покрај него треба да се споменат трансферите на Киеарн Тирнеј (најскап шкотски фудбалер, 27 милиони евра), Давид Луиз и Дани Себаљос.

Се засили Унаи Емери во сите делови на теренот и ќе има свежа крв од клупата, а првенствената цел е обезбедување место во топ 4 и влез во Лигата на шампионите, но медиумите не ја исклучуваат можноста да се вмешаат и во борба за врвот.

Напаѓачкиот дел од тимот изгледа фантасично. Пристигна споменатиот Пепе, останаа и Лаказет и Обамејанг. Тоа трио ќе треба да постигнува голови за Арсенал во формацијата која Емери најмногу ја сака 4-3-3 со Лаказет како најистурен и Пепе и Обамејанг по крилните позиции.

Место во одбраната треба да имаат Тирнеј и Луиз и Арсенал во новата сезона ќе може да се пофали и со добра клупа.

Веројатно почетниот состав на Арсенал ќе изгледа нешто вака:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…