Дома Актуелно Дани Велбек пронајде нов клуб!

Дани Велбек пронајде нов клуб!

Поранешниот играч на Арсенал и Манчестер Јунајтед, Дани Велбек е нов фудбалер на Ватфорд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


28-годишниот напаѓач последните пет сезони ги помина во Арсенал, а неодамна стана слободен играч откако му истече договорот со лондонскиот тим.

Велбек за Арсенал одигра вкупно 126 натпревари, но постигна само 32 погодоци. Минатата сезона имаше големи проблеми со повреди и одигра само 14 натпревар и постигна 5 погодоци.

Топџиите немаа намера да му понудат нов договор па тој после истекот стана слободен играч, а Ватфорд беше најконкретен и Велбек денеска потпиша тригодишен договор со овој клуб.

Пред доаѓањето во Арсенал, Велбек помина шест години во Манчестер Јунајтед и запиша 142 настапи. За репрезентацијата на Англија одигра 42 натпревари и постигна 16 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Колумбиски репрезентативец пристигна во Јувентус

Одбранбениот играч на Болоња, Џон Лукуми пристигна во Торино за да ги заврши медицинските …