Дома Фудбал Сезона 2019/20 – Манчестер Сити 12:0 Ватфорд

Сезона 2019/20 – Манчестер Сити 12:0 Ватфорд

После победата од 8:0 на Етихад, Манчестер Сити го победи Ватфорд и како гостин (0:4) во претпоследното коло во ПЛ.

Играч на натпреварот беше Рахим Стерлигн, кој постигна два погодоци и запиша асистенција.

За Сити овој натпревар немаше резултатско значење, но Ватфорд се бори за опстанок и сега е во проблеми. Доколку Астон Вила вечерва го победи Арсенал ќе има ист број на бодови како и Ватфорд. Интересно, Ватфорд во последното коло гостува кај Арсенал, па така тимот на Микел Артета го има клучот во борбата за опстанок.

Што се однесува на натпреварот, Ватфорд повторно покажа дека не знае да му се спротистави на Сити. Граѓаните во првиот натпревар броеја до осум, денеска до четири.

Покрај Стерлинг, погодоци за Сити постигнаа Фоден во 63. минута и Лапорте во 66.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дувикас блеска во Комо: Фабрегас има голема заслуга за мојот напредок

Грчкиот напаѓач ужива во Комо, каде што ги истакнува заслугите на Фабрегас и стручниот шта…