Дома Фудбал Англија Гендузи поради гестикулацијата кон навивачите на Ватфорд стана предмет на потсмев

Гендузи поради гестикулацијата кон навивачите на Ватфорд стана предмет на потсмев

Арсенал во рамките на 5. коло во англиската Премиер лига како гостин кај Ватфорд ремизираше со резултат 2:2.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Топџиите експресно во само десетина минути стигнаа до водство од 2:0. Двоен стрелец беше Обамејанг, а многумина помислија дека тука е крајот и дека лондонскиот тим мирно ќе го заврши натпреварот.

Така мислеше и неискусниот Матео Гендузи кога излегуваше од игра во 67. минута. Младиот Топџија при напуштањето на теренот го гестикулираше актуелниот резултат кон навивачите на домашниот тим, а казната стигна некоку минути подоцна.

Бодот за Ватфорд го донесе Переира во 81. минута од белата точка, а Гендузи сигурно веќе жали за реакцијата и ја научил лекцијата која добро ќе му дојде во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси во чудо гледаше кон навивачите и слушаше што скандираат, а потоа реши да им одговори (Видео)

Фудбалерите на Интер Мајами постигнаа победа од 2:0 против Портланд Тимберс на домашен тер…