Долго време се шпекулира дека Нејмар ќе се врати во Барселона, но најверојатно тоа нема да се случи, зашто односот меѓу каталонскиот гигант и ПСЖ е многу лош.
Денеска се појави информација дека ПСЖ решил да го понуди Бразилецот на неколку тимови, а Барселона не е меѓу нив.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Станува збор за Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус. Во ПСЖ се помирија со фактот дека Нејмар заминува, но тие сакаат да го водат главниот збор во преговорите.
Во секој случај, се очекува Бразилецот да замине од ПСЖ, а дали тоа ќе биде во Барселона, која се обидува да се ослободи од Филипе Кутињо или во некој друг клуб, останува да видиме наскоро.