Барселона денеска го ангажираше Антоан Гризман од Атлетико Мадрид.
Каталонците за овој трансфер платија 120 милиони евра, а следниот трансфер би можел да биде уште поголем, бидејќи шпанскиот првак го посакува и Нејмар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Билд утрово објави информација дека раководството на Барселона понудил четири фудбалери и му порачале на ПСЖ да изберат тројца како замена за Нејмар.
Меѓу понудените фудбалери се Кутињо, Дембеле, Умтити и Семедо.
Сепак, одговорот од Париз бил негативен. Билд сега тврди дека ПСЖ не е задоволен со предлогот од разбирливи причини.
Платите на споменатите фудбалери ќе бидат далеку поголеми од платата на Нејмар, и јасно порачале дека не се заинтересирани за ваква размена на фудбалери.
Да потсетиме, бразилскиот фудбалер токму од Барселона во 2017 година пристигна во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.