Дома Топ вести Дали оваа фотка е доказ дека Меси навистина е „вонземјанин“!?

Дали оваа фотка е доказ дека Меси навистина е „вонземјанин“!?

Неделното Ел Класико понуди еден од најубавите натпревари кои фудбалската јавност можеше да ги види во последно време. Особено инетресен беше финишот каде Меси во последната секунда и донесе победа на Барса.

Меси после постигнатиот гол за 2:3 во судиското продолжение истрча према корнер знаменцето, го соблече дресот и го разви према навивачите на „кралскиот“ клуб.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Шпанските медиуми тврдат дека тоа го направил со цел да ги испровоцира домашните фанови, па поради тоа се крена голема прашина на социјалните мрежи.

Еден фоторепортер го фати Меси во моментот кога ја пушта едната страна на дресот, па на фотката се добива впечаток дека неговиот дрес лебди во воздух.

„Тој е навистина маѓичен“, „Како е ова можно?“, „Сега е јасно, Меси е навистина вонземјанин“, беа само некои од коментарите на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Голем удар за Арсенал пред четвртфиналето во ЛШ

Фудбалерот на Арсенал, Еберечи Езе, поради повреда нема да игра четири до шест недели, пре…