Eмре Белозоглу во претходните четири сезони беше еден од најважните играчи на Башакешир со кој стигна на чекор од титулата шампион на Турција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Овој ветеран е добро познато име во светот на фудбалто бидејќи во минатото го носеше дресот на Интер, Њукасл и Атлетико Мадрид, иако денес има 38 години нема намера да ја заврши кариерата.
Сега тој одлучи како слободен играч да го напушти Башакешир и да потпише договор со Фенербахче за кој настапуваше на два пати.
Иако ја помина фудбалската школа на Галатасарај не крие дека е голем навивач на Фенер и порача дека му се исполнила желбата да се врати во овој клуб.
Емре потпиша договор на една сезона и порача дека би сакал тука да ја заврши кариерата, но не е сигурен дали тоа ќе се случи наредното лето.
E M R E B E L Ö Z O Ğ L U. © 5⃣
? https://t.co/DNw7MWz4xc pic.twitter.com/SgeKU7CT5G
— Fenerbahçe SK (@Fenerbahce) July 2, 2019