Дома Топ вести Ле Паризиен: ПСЖ ја одреди цената за Нејмар

Ле Паризиен: ПСЖ ја одреди цената за Нејмар

Претходните неколку дена се шпекулира дека Нејмар ова лето би можел да се врати во Барселона.

Бразилецот пред две години одлучи да го напушти каталонскиот клуб, што беше изненадување за сите. Нејмар потпиша за ПСЖ кој го плати неверојатни 222 милиони евра со што стана најскапиот играч во историјата.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Меѓутоа, Нејмар во клубот од Париз ме му оди најдобро. Во претходните две сезони не направи ништо значајно, а имаше многу проблеми и со повредите.

Овие денови на големо се шпекулира за тоа дека Нејмар ќе се врати во Барселона и дека побарал од клубот да не бара премногу пари бидејќи сака само да се врати на Камп Ноу.

Сепак, јасно е дека ПСЖ нема така лесно да се откаже од играчот за кој пред две години потроши неверојана сума на пари. Ле Паризиен објави дека Парижаните испратиле јасна порака до Барселона кога во прашање е Нејмар.

Наводно, челниците на францускиот првак порачале дека Нејмар може да замине, но само доколку Барселона за него плати 300 милиони евра, што тоа е скоро и невозможно.

Од друга страна, каталонскиот клуб има намера да понуди околу 100 милиони евра и во трансферот да вклучи уште еден играч. Наводно, тоа би можеле да бидат Иван Ракитиќ, Дембеле или Умтити.

Како и да е, сигурно е дека не очекува уште една голема трансфер сага кога е во прашање Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Официјално: Дамфрис во Интер до 2028 година!

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…