Дома Трансфер зона Меси бара од претседателот на Барселона да го врати Нејмар на Камп Ноу

Меси бара од претседателот на Барселона да го врати Нејмар на Камп Ноу

Нејмар во 2017. година во трансфер вреден 222 милиони евра ја напушти Барселона и премина во ПСЖ.

Бразилецот од своето доаѓање во Франција до денеска одигра 58 натпревари и постигна 51 погодок иако имаше проблеми со повредите, но се чини дека сепак ќе го напушти клубот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Играчот на ПСЖ наводно уште од поодамна сака да го напушти клубот и да се врати во Барселона, а сега според извештаите од Шпанија тоа сега е се поизвесно со оглед на тоа дека Лео Меси побарал од управата да го донесат Нејмар повторно на Камп Ноу.

Ел Мундо тврди дека капитенот на Барселона Лео Меси побарал од претседателот на клубот Бартомеу да го врати Нејмар во каталонскиот клуб.

Шпаницте додаваат дека Барселона размислува во целата работа да го вклучи и Гризман со кој претходно постигнала устен договор.

Французинот во тој случај ќе премине во ПСЖ, но Атлетико Мадрид мора да ја прифати истата понуда која пристигна од Барселона, односно 120 милиони евра.

Ел Мундо додава дека проблем може да биде платата на Бразилецот која изнесува 37 милиони евра годишно, а исто така проблем ќе претставува и фактот што Нејмар во последно време има доста проблеми со повредите, па прашање е колку ќе им се исплати да го донесат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Седлоски: Нема поголем мотив од вакви натпревари, чуда се случуваат!

Македонската фудбалска репрезентација утревечер (20:45 часот) ја очекува еден од најголеми…