Дома Трансфер зона Л’екип: ПСЖ е спремен да го продаде Нејмар!

Л’екип: ПСЖ е спремен да го продаде Нејмар!

Францускиот првак ПСЖ наводно е спремен да го продаде најскапиот фудбалер на светот Нејмар.

Така барем тврди реномираниот Л’екип кој пренесува дека раководството на ПСЖ одлучило дека Нејмар може да замине, ако во клубот пристигне соодветна понуда.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Нејмар веќе неколку време се поврзува со заминвуање од клубот. Долго време се споменува евентуален трансфер во Реал Мадрид, но во последно време француските и шпанските медиуми тврдат дека Бразилецот би можел да се врати во Барселона.

Токму од каталонскиот тим бразилскиот фудбалер пристигна во 2017. година за рекордни 222 милиони евра и на тој начин стана најскапиот фудбалер на светот.

Нејмар моментално се оправува од повредата на стапалото. Надвор од теренот ќе биде нешто повеќе од месец дена, но би требало да биде потполно спремен за старт на новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Одлична вест за навивачите: Заврши чекањето на Флик догло 383 дена!

Вчера се врати еден од најталентираните млади фудбалери во светот. По точно 383 дена откак…