Дома Топ вести На ПСЖ му е преку глава од разгалените ѕвезди: Нејмар ставен на продажба!

На ПСЖ му е преку глава од разгалените ѕвезди: Нејмар ставен на продажба!

По завршувањето на сезоната, во ПСЖ одлучија да ја подигнат дисциплината во екипата. На сопственикот Насер Ал-Келаифи му е „преку глава“ од разгалените ѕвезди, па одлучи да ја промени политиката на клубот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Еминентниот весник „Екип“ тврди дека францускиот шампион е подготвен да се откаже и од најголемата ѕвезда Нејмар. Бразилецот откако дојде до ПСЖ, ужива статус на супер ѕвезда, има годишна плата од 35 милиони евра, но резултатите изостанаа.

Целта на богатите сопственици е освојување на Лигата на шампионите, но засега најголем дострел на екипата е пласман во четвртфиналето, додека Нејмар секоја година поради повреди отсуствува најмалку еден месец.

Не сакам веќе да се однесуваат како ѕвезди. Играчите мораат да превземат повеќе одговорност за разлика од порано. Се треба да биде потполно различно. Мора да се работи повеќе и понапорно… Не се овде дојдени за да уживаат. Ако не се служуваат со ова, вратата им е отворена. Не сакам да се однесуваат како ѕвезди“, изјави Ал-Келаифи.

Според „Екип“ оваа порака е упатена кон Нејмар по обвинувањата за силување и честите повреди поради неспортски живот. ПСЖ е спремен да го продаде Бразилецот доколку пристигне примамлива понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…