Како што пишуваат медиуми Манчестер Јунајтед одбил уште една понуда од Интер за Ромелу Лукаку.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Италијанскиот тим кој сега е предводен од Антонио Конте е заинтересиран за Ромелу Лукаку, но цената од 80 милиони фунти која ја одредиле во Манчестер Јунајтед е превисока.
Затоа како што тврди „Скај Итлија“ тие одлучиле на „црвените ѓаволи“ да им понудат една интересна размена, но добиле негативен одговор од „Олд Трафорд“.
„Нероаѕурите“ на Јунајтед за да го добијат Лукаку наводно му го понудиле Иван Перишиќ плус пари, но „црвените ѓаволи“ ја одбиле понудата.
Самиот Лукаку кој имаше сезона за заборав на „Олд Трафорд“ призна дека сака да се пресели во Серија А, а некои медиуми тврдат дека веќе има договор со Интер.
Потсетуваме, Манчестер Јунајтед претходно ја одби понудата на Интер за размека Лукаку – Икарди.
https://youtu.be/YmIQC1Kldo0