Дома Фудбал Лига на шампиони Луис Енрике: Можеме да му дадеме четири гола на секого!

Луис Енрике: Можеме да му дадеме четири гола на секого!

Тренерот на Барселона, Луис Енрике, не можеше да го сокрие бесот по вчерашниот шокантен пораз од Јувентус со 3:0 во првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампиони.

Според него, неговиот тим бил „импотентен“ пред паузата кога прими два погодоци. И токму кога ја кренал брзината и го подобрил настапот прими трет гол. Поради тоа тренерот жестоко ги критикуваше своите играчи.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Не е важно што мислам јас во однос на тоа дали резултатот е фер, или не. Тој е таков каков што е. На мене ми изгледа како трет дел од натпреварот со ПСЖ. А тоа е многу тажно. Едноставно бевме импотентни пред одморот. Имавме многу потешкотии. Доживеавме еден кошмар од вечерта во Париз во февруари, кој не требаше да им го сервираме на нашите фанови. Треба да ги анализираме своите грешки“, изјави Енрике.

Сепак, Енрике не губи надеж за реваншот и смета дека Барселона може да постигне четири гола.

„Не би сакал да разговарам за реваншот, целосно сум надвор од контрола. 100% сум нервозен по остварениот резултат, но, сигурен сум дека ако одиграме како што знаеме на домашен терен можеме да му дадеме четири гола на секого“, заклучи Енрике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Потег за почит: Гвардиола му даваше совети на противнички играч🎥

Адама Траоре беше трагичар за Фулам во поразот од Манчестер Сити со 3-2 бидејќи имаше неко…