Дома Фудбал Лига на шампиони Традицијата во Амстердам продолжува: И играчите на Тотенхем останаа без сон (видео)

Традицијата во Амстердам продолжува: И играчите на Тотенхем останаа без сон (видео)

Ајакс и Тотенхем вечерва ќе се бодат за финале во Лигата на шампиони. Холандскиот клуб има предност од првиот меч со 1:0, но дуелот е се уште отворен.

Сезоната од соништата за Ајакс сигурно би била крунисана со плесман во финалето, а она што е сигурно дека тимот ќе има голема поддршка од трибините вечерва.

Фановите на Ајакс на секој можен начин се обидуваат да им помогнат на своите играчи, па ја продолжија традицијата и направија огномет пред хотелот каде се сместени противничките фудбалери.

Претходно без сон ги оставија фудбалерите на Реал и Јувентус, а традицијата продолжи и синоќа кога фановите не им дадоа мир на фудбалерите на Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Пеколен распоред само што почнува, а Барселона би можела да остане без најдобриот стрелец

Одличниот Бразилец беше заменет на полувремето од натпреварот против Австралија поради неу…