Дома Фудбал Останато Буфон сака да брани уште две години, но…

Буфон сака да брани уште две години, но…

Искусниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон минатото лето ги изненади сите кога го напушти Јувентус и потпиша за ПСЖ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Буфон не доби нов договор во Јувентус, но одлучи дека нема да ја заврши кареирата и на крајот доби понуда од ПСЖ за која без многу размислување одлучи да прифати. Италијанскиот голман во целина е резервна опција во ПСЖ оваа сезона, а на лето му истекува соработката со ПСЖ. Иако се шпекулираше дека шампионот на Франција ќе понуди нов договор изгледа дека тоа нема да се случи.

Медиумите во Италија денеска објавија дека ПСЖ одлучил да не му ја активира клаузулата и ќе потпише нов едногодишен договор со искусниот голман. Буфон на крајот од сезоната ќе биде слободен играч, но изјави дека нема да си оди во пензија иако има 41 година. Порача дека сака да биде на терените уште две сезони, а во кој клуб ќе дознаеме на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милметарска трагедија на СП: Иран беше на прагот на успех

Египет и Иран одиграа нерешено 1:1 во третото коло на Светското првенство, со што конечно …