Дома Фудбал Останато ФОТО: Кимпембе ја научи лекцијата по пеналот против Манчестер Јунајтед

ФОТО: Кимпембе ја научи лекцијата по пеналот против Манчестер Јунајтед

Преснел Кимпембе беше трагичниот играч во реванш натпреварот од осмина финалето во Лигата на Шампионите помеѓу ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

ПСЖ по првиот натпревар имаше предност од 2:0 од „Олд Трафорд“, но на свој терен во реваншот загуби со 3:1. Манчестер Јунајтед победи со 3:1, а третиот гол го постигнаа во судиското продолжение од пенал. Пеналот го направи Кимпембе кој во својот казнет простор играше со рака, а по ВАР судијата покажа на белата точка. Маркус Рашфорд беше сигурен и погоди за сенцазија на Јунајтед во Париз.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Очигледно дека Кимпембе ја научи лекцијата, а тоа најдобро се гледаше на синоќешниот натпревар против Стразбур. По еден напад противничкиот играч шутираше, а Кимпембе овој пат рацете ги стави зад грбот. Се разбира, не требаше долго оваа фотографија да стане една од главните теми на фудбалските фанови на социјалните мрежи.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ако Гвардиола го напушти Манчестер Сити на крајот на сезоната, по него веднаш заминува и големата ѕвезда

Еден од оние кои први би размислил за својата иднина е норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд. Н…