Поранешниот капитен на германската репрезентација, Бастиан Швајнштајгер утрово допатува во Чикаго, каде во наредната година ќе игра за тамшниот тим во МЛС лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Швајнштајгер во Америка пристигна заедно со сопругата Ана Ивановиќ и предизвика вистински хаос на аеродромот. Неколку стотини навивачи го пречекаа и му приредија незаборавно добредојде.
Стрпливо, како и што доликува на голема ѕвезда, 32-годишниот Германец на сите им излезе во пресрет, а дека навивачите од него очекуваат големи работи се виде по тоа што почнаа да трчаат по неговиот автомобил.