Дома Фудбал Англија Солскјер: „Ова е голем удар за нас, тој е исклучително важен играч за нас“

Солскјер: „Ова е голем удар за нас, тој е исклучително важен играч за нас“

Српскиот репрезентативец од Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ ќе биде надвор од теренот неколку недели поради повреда на мускулот, потврди тренерот Оле Гунар Солскјер.

Матиќ се повреди на последниот тренинг пред дербито против Ливерпул во Премиер лигата, па го очекува пауза.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


„Тоа е голем удар за нас, Матиќ претрпе повреда на мускулот и нема да игра неколку недели. Такви работи се случуваат во текот на сезоната и мораме да продолжиме без него одреден период. Немања има искуство и квалитет и е важен играч за нас“, изјави Солскјер.

Матиќ ќе го пропушти вториот натпревар од осмина финалето во Лигата на Шампионите на гости против Пари Сен Жермен, но и дуелите во Премиер лигата против Кристал Палас, Саутемптон и Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул „договори“ ново засилување, но тука не застанува: Доаѓа уште едно, преговорите се речиси завршени

Ливерпул ова лето беше еден од најактивните европски клубови на трансфер пазарот, но со за…