Винсент Компани најверојатно ќе го продолжи договорот со Манчестер Сити во надеж дека ќе остане уште една сезона на „Етихад“.
Тоа би била 12. сезона за овој играч во Сити кој уште од 2008. година за шест милиони фунти пристигна во Манчестер Сити од Хамбург. Преговорите се во тек, а се очекува капитенот на Сити да се согласи на намалување на платата со желба да остане на „Етихад“.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Компани имаше доста проблеми со повредите за време на ерата на Гвардиола во Сити, а оваа сезона 32-годишниот настапи само 14 пати. Тој изјави дека сака да остане во Манчестер Сити, а добра работа за него е и дека Гвардиола исто така сака Компани да биде во клубот и следната сезона.