Дома Фудбал Англија ВИДЕО: Јавноста во Англија згрозена поради однесувањето на Игуаин

ВИДЕО: Јавноста во Англија згрозена поради однесувањето на Игуаин

Фудбалерите на Челзи минатиот викенд доживеаа катастрофа на гости против Манчестер Сити, бидејќи беа поразени со 6:0.

„Сините“ од Лондон толку тежок пораз не паметат одамна, а Сити им одржа лекција на радост на своите напаѓачи. По само 20 минути игра резултатот беше 4:0 за клубот од „Етихад“, а на крајот натпреварот заврши со резултат 6:0 во корист на актуелниот шампион на Англија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Играчите на Челзи се разбира по натпреварот беа нервозни и само чекаа да влезат во соблекувалната и да се сокријат од очите на јавноста. На удар на англиските медиуми и навивачите на Сити се најде Гонзало Игуаин поради примитивното однесување во тунелот.

Имено, Игуаин плукал по тунелот додека излегувал на терен и веројатно не сфатил дека сето тоа го снимаат камерите. Откако што Сити го објави ова видео аргентинскиот напаѓач се наде на голем удар на јавноста. Овој детал можете да го погледнете на видеото од 15:55.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…