Дома Останати Ракомет Поранешната вардарка во Германија постави рекорд на кариерата

Поранешната вардарка во Германија постави рекорд на кариерата

Најдоброто десно крило во изборот на „Хандбал Планет“ и поранешната ракометарка на Вардар, Јованка Радичевиќ постави рекорд на кариерата во натпревар од ЕХФ Лигата на шампионите.

Радичевиќ како ракометарка на ЦСМ Букурешт каде што премина од Вардар на гостувањето кај германски Турингер каде што нејзиниот тим победи со резултат 38:30 постигна 13 голови.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Така репрезентативката на Црна Гора која од наредната сезона повторно ќе игра за Будќност го сруши нејзиниот досегашен рекорд кој го постави играјќи за Ѓер против Хипо (2011) кога постигна 12 голови.

Од почетокот на годината Радичевиќ игра во ТОП форма и од стартот на 2019 година на три натпревари во Лигата на шампионите постигна вкупно 29 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Лазаров задоволен и покрај поразот

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Филип Кузмановски изјави дека Данска би…