Дома Фудбал Дали овој показател ги решава сите дилеми за ривалството помеѓу Меси и Роналдо?

Дали овој показател ги решава сите дилеми за ривалството помеѓу Меси и Роналдо?

Барселона минатиот викенд ја победи Џирона со 2:0, а во листата на стрелци повторно се запиша Лионел Меси.

Аргентинецот сега има само еден гол помалку од Кристиано Роналдо кога се во прашање головите кои во целата кариера ги постигнале двајцата фудбалери.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Меси само неколку часа имаше ист број голови како и Роналдо, но Португалецот постигна гол од пенал против Лацио и повторно „побегна“ со еден гол повеќе од најголемиот ривал.

Меѓутоа треба да се додаде дека Роналдо има одиграно дури 97 натпревари повеќе од Меси кога се во прашање настапите за клубовите.

Меси има постигнати 589 гола на 694 натпревари, додека Роналдо 590 голови на дури 791 натпревари во дресот на Спортинг Лисабон, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ван Дајк: Ако продолжиме вака нема што да бараме

Капитенот на холандскиот национален тим Вирџил Ван Дајк истакна дека „лалињата“ мора да ја…