Дома Фудбал Англија Игуаин: Пред три години сакав да се пензионирам поради мајка ми!

Игуаин: Пред три години сакав да се пензионирам поради мајка ми!

Аргентинскиот голгетер Гонзало Игуаин пред неколку дена го комплетираше трансферот во Челзи, каде ќе игра како позајмен фудбалер до крајот на сезоната, а потоа „сините“ ќе имаат право да го откупат.

Игуаин се присети на 2016 година кога после Копа Америка имал намера да стави крај на кариерата, откако дознал дека неговата мајка Ненси е тешко болна.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Веднаш донесов одлука да престанам со кариерата за да се грижам за мајка ми. Бев во шок кога дознав дека е болна. Цел свет ми се сруши. Ништо не ме интересираше, освен тоа да и помогнам. Меѓутоа, таа ми рече дека нема да дозволи да го напуштам тоа што го сакам“, открива Игуаин.

„Ми рече дека не може да допушти јас да се откажам од моите соништа и знаеше дека можам да се грижам за неа иако сум во Европа. За мене семејството и пријателите се на прво место, а потоа фудбалот“, додаде Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мбапе ги спречи соиграчите да направат шпалир за Барселона по Суперкупот

Во извонредното финале на шпанскиот Супер Куп, Барселона триумфираше над Реал Мадрид со 3:…