Дома Фудбал Англија Продолжува совршената идила за Солскјер – „пет од пет“! (ВИДЕО)

Продолжува совршената идила за Солскјер – „пет од пет“! (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед се пласираше во наредната рунда на ФА Купот откако денес на „Олд Трафорд“ го совлада Рединг со 2:0.

„Црвените ѓаволи“ овој натпревар го решија во првото полувреме кога ги постигнаа двата погодоци. До водство стигнаа во 22-та минута кога од пенал погоди Хуан Мата, за на 2:0 да зголеми Ромелу Лукаку после одличната асистенција на Алексис Санчез.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


До крајот резултатот не се менуваше иако шанси имаше и на двете страни и Јунајтед се пласираше во четвртот около од ФА Купот.

ФА Куп 3-то коло

Бурнемоут – Брајтон 1:3

Барнли – Барсли 1:0

Манчестер Јунајтед – Рединг 2:0

Шерсбери – Стоук 1:1

ВБА – Виган 1:0

Вест Хем – Бирмингем 2:0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вакво нешто не се памети: Арсенал сака четворица фудбалери од ист клуб и ќе понуди 376 милиони евра!

Навивачите на Арсенал ги очекува необично интересно лето, бидејќи раководството на клубот …