Дома Фудбал Англија Матиќ коментираше за насмевката на лицето на навивачите

Матиќ коментираше за насмевката на лицето на навивачите

Српскиот репрезентативец, Немања Матиќ вчера даде свој значителен придонес во втората последователна победа на Манчестер Јунајтед по доаѓањето на новиот тренер Оле Гунар Солскајер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Го постигна и водечкиот гол во победата над Хадерсфилд од 3:1, па по натпреварот имаше доста причини за задовослтво.

„По Кардиф, добивме многу повеќе самодовера. Ни беше многу важно да триумфиравме на нашиот стадион, да ја вратиме насмевката на лицето на нашите навивачи“

„Правевме и некои грешки и мораме да видиме што можеме да подобриме. Сосема е поинаква атмосферата кога победувате. Овој клуб не прифаќа порази и нерешени резултати, а ова е начин на кој мораме да се бориме и да го добиеме следниот натпревар“, истакна Матиќ и го коментираше својот гол:

„Секогаш е важно да се постигне гол што побрзо. По тоа имавме повеќе простор за игра. Среќен сум поради голот“, изјави Матиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…