Дома Фудбал Англија Ловрен: Секој натпревар е како финале

Ловрен: Секој натпревар е како финале

Дефанзивецот на Ливерпул, Дејан Ловрен изјави дека неговиот тим ја научи лекцијата од минатата сезона и дека се надева дека тоа ќе им значи за борбата за титулата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвените“ убедливо славеа против Њукасл 4:0 во средата, благодарение на тоа што ја зголемија својата предност на чело на табелата со шест бода во однос на Тотенхем. Бранителот на титулата, Манчестер Сити е само на бод помалку од лондонскиот клуб.

Ловрен со одличен гол го доведе Ливерпул во предност во 11. минута, а до следниот гол се чекаше до 47. минута, кога Салах погоди од пенал. До крајот на натпреварот, мрежата ја затресоја Шаќири и Фабињо.

„Секој натпревар за нас е како финале. Тоа е она што го научивме од претходната сезона – ништо не вреди ако победите, а следниот натпревар одиграте лошо. Мораме да го заборавиме овој натпревар и да се концентрираме на Арсенал. Овој тим има карактер, а доколку сакате да бидете на врвот, морате да имате победнички менталитет и да бидете смирени“, изјави Ловрен.

Следните два натпреари ќе бидат голем предизвик за играчите на Јирген Клоп, прво во сабота го пречекуваат Арсенал, а следниот четврток му гостуваат на Манчестер Сити. Ливерпул по 19 кола е на врвот на табелата во Премиер лигата со 51 бод, следуваат Тотенхем со 45 и Сити со 44, додека Челзи е четврти со 40 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…