Дома Фудбал Англија Гвардиола: Сега сме посилни од минатата сезона!

Гвардиола: Сега сме посилни од минатата сезона!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека неговиот тим сега е посилен во однос на минатата сезона кога супериорно ја освои титулата во Премиер лигата.

Во моментов Манчестер Сити заостанува четири бода зад лидерот Ливерпул на табелата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Подобри сме во однос на минатата сезона и разликата е во мали детали. Тоа е нормално, бидејќи повеќе време сме заедно како тим“, изјави Гвардиола.

„Напредувавме при градењето на акциите, имаме повеќе варијанти да го спречиме противникот и се познаваме подобро. Притоа сме постабилни кога се браниме“, додаде каталонскиот стратег.

„Се разбира дека губиме бодови, тоа се случува и е нормално. За да ја освоиш титулата во ЛШ потребни ти се 6-7 меча кои треба да ги одиграш на ниво, а во првенството треба да си во форма на секои три дена“, заклучи Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лоши вести од Англија: Лестер чекори кон трета лига!

Нема долго време откако беа клуб кој го постигна најневеројатниот успех во историјата на П…