Вчера беше последниот ден од тестирањата во Барселона пред почетокот на новата сезона, а возачот на Ферари, Кими Раиконен го заврши денот, но и вкупните тренинзи со најбрзо време.
Раиконен беше единствен на овие тестирања со време под 1 минута и 19 секунди, возејќи 1.18.634 на супермеката компонента. На втората позиција вчера се најде возачот на Ред Бул Макс Ферстапен со скоро секунда побавно време.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Финецот беше еден од четири возачи кои денес извозија повеќе од 100 круга и покрај проблемот кој што го имаше кога болидот му запре на сред патеката. Денес беше продуктивен ден и за тимот на Торо Росо, за кои возачот Карлос Саинц извозе 132 круга и оствари трето време.
Актуелниот шампион во конструктори, Мерцедес, денес имаше тивок ден, а нивните возачи Валтери Ботас и Луис Хамилтон завршија четврти и петти со извозени вкупно 107 кругови.
Првата трка од новата сезона во Формула 1 треба да се вози во Австралија на 26. март, а според првичните покажани перформанси возачите на Мерцедес и Ферари се главните фаворити.