Дома Топ вести Меси не запира: Повторно ја помина границата од 50 гола во една година!

Меси не запира: Повторно ја помина границата од 50 гола во една година!

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси одигра уште една фантастична сезона во својата кариера.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Доказ за тоа е бројот на голови кои ги постигна во календарска 2018 година – точно 50 гола. Притоа, вчерашниот хет-трик против Леванте беше 49-ти во неговата кариера.

Така 8-ми пат во последните 9 години Меси ја поминува границата од 50 гола во една година. Головите ги постигна на 53 натпревари – 48 за Барселона и 5 за Аргентина.

Меси во моментов е најдобар стрелец во Примера со 14 постигнати гола, а притоа има и 10 асистенции. Во ЛШ исто така игра одлично оваа сезона и има 4 гола на 6 меча.

Головите на Меси во последните 9 години:

2010 – 60
2011 – 59
2012 – 91
2013 – 45
2014 – 58
2015 – 52
2016 – 59
2017 – 54
2018 – 50 (уште еден меч против Селта)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ПСЖ добива големо засилување за финалето против Арсенал во ЛШ

Ашраф Хакими би можел да се врати навреме за големото финале против Арсенал, откако постој…