Дома Топ вести Meси одново започна да прави чуда и стигна до нови неверојатни бројки

Meси одново започна да прави чуда и стигна до нови неверојатни бројки

messi

Лука Модриќ неодамна ја освои „Златната топка“ во Париз, овој момент придонесе голема дискусија во фудбалскиот светот.

Големо внимание во изборот привлече и тоа што Лионел Меси заврши дури на петтата позиција. Од доделувањето на оваа награда Аргентинецот како да сака да се докаже иако сите добро ги знаат неговите квалитети.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Меси одново игра како што најдобро знае, а доказ беше и вчерашниот натпревар против Леванте во кој Барселона победи со 5:0, а тој постигна три погодоци и два пати асистираше.

https://youtu.be/0cLhjcAyYdc

Со овие три погодоци и две асистенции Меси стана првиот фудбалер кој оваа сезона стигна до „дабл-дабл“ во најсилните првенства во Европа.

Освен тоа Меси стигна и до бројката од 50 погодоци во календарската 2018 година и веќе осма година во последните девет стигнува до 50 плус погодоци!

Според ова можеме да заклучиме дека за помалку од една деценија Меси постигнал повеќе од 450 погодоци вклучувајќи ги настапите за Барселона и Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Хит во регионот: Доаѓаат од село со помалку до 5.000 жители, а станаа шампиони во државата!

Tимот на Дечиќ на едно коло пред крајот успеа да ја освои шампионската титула во Црна Гора…