Дома Македонски спорт Мак фудбал Панчев: Лоши работи се случуваат во Вардар!

Панчев: Лоши работи се случуваат во Вардар!

Фудбалската легенда и актуелен спортски директор на Вардар, Дарко Панчев даде интересно интервју за медиумите од соседството.

Панчев меѓу другото истакна дека моменталната состајба во Вардар е многу лоша, но дека очекува подобри времиња.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Во моментов се случуваат работи кои апсолутно не се добри за Вардар. Сите промени не носат добри нешта, но кога е Вардар во прашање, како да му е пишано постојано да се случува нешто“.

„Јас и Илија Најдоски сме тука за клубот и секогаш сме подготвени да помогнеме. Доколку новите луѓе од Град Скопје сметаат дека можеме да имаме соработка, ние и во иднина им стоиме на располагање. Со нашето искуство сигурно можеме да му помогнеме на клубот“, истакна Дарко Панчев.

Засега нема никакви официјални информации какви планови ќе има Град Скопје со најтрофејниот македонски клуб, а познато е дека актуелниот сопственик Сергеј Самсоненко сака да се повлече од Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…