Дома Фудбал Останато Обамејанг се огласи откако навивачите на Тотенхем го гаѓаа со банана

Обамејанг се огласи откако навивачите на Тотенхем го гаѓаа со банана

Во големото северно лондонско дерби фудбалерите на Арсенал вчера пред своите навиавчи го победија Тотенхем со 4:2, а одличен меч одигра Пјер-Емерик Обамејанг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Топчиите“ одиграа одлично второ полувреме, бидејќи успеаа да постигнат три гола и да победат со 4:2 иако на полувремето резултатот беше 1:2. Еден од најдобрите на теренот вчера беше Обамејанг кој два пати ја затресе мрежата на лутиот ривал.

Токму Обамејанг денеска е главна тема во англиските медиуми откако што некои навивачи на Тотенхем го навредија на расна основа. Додека Ауба го славеше голот за 1:0 еден од навивачите на Тотенхем фрли кон него со банана што остави голема дамка на овој натпревар.

Англиските медиуми го осудија ова однесување, додека од Тотенхем најавија дека сигурно ќе го казнат навивачот кој го направи ова. По ова кратко на Инстаграм се огласи и Обамејанг кој кратко и јасно изјави што мисли за тоа.

„Зошто луѓето го прават ова“, напиша Обамејанг со фотографија од вчерашниот натпревар.

 

 

View this post on Instagram

 

#whysmandoingthis ? ?

A post shared by Aubameyang (@aubameyang97) on

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…