Манчестер Јунајтед вчера на Твитер беше во центарот на вниманието поради објавата на листата на голмани кои во овој момент се подобри од Давид Де Геа, а истото одлучи да го направи и Барселона.
Се разбира, целта на оваа листа е никој да нема и да се дојде до знаење дека Де Геа е најдобриот голман во светот. Очигледно, тоа им се допадна на администраторите на Твитер профилот на Барселона кои денеска одлучија да го искористат овој фазон за Лионел Меси.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Барселона со оваа објава дури успеа да ги подели навивачите кои упорно се прашуваат зошто нема никој на споменатата „листа“. Јасно е дека за нив Лионел Меси е најдобар играч во светот, но сигурно дека нема сите да се согласат со тоа.
