Дома Фудбал Останато Мбапе е скомно момче: Сумите кои се вртат во фудбалот се непристојни!

Мбапе е скомно момче: Сумите кои се вртат во фудбалот се непристојни!

Младиот француски фудбалер, Килијан Мбапе смета дека астрономските цени кои денес се плаќаат за играчите се претерани.

Мбапе е еден од најскапите фудбалери во историјата, а ПСЖ го купи за 180 милиони евра, додека рекордер е Нејмар кој за 222 милиони евра премина од ПСЖ во Барселона.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Тоа е навистина непристојно, барем за мене кои доаѓам од скромно семејство. Но, пазарот е таков, цените растат и тоа не може да се промени“, смета Мбапе и потенцираше дека не сака никого да копира.

„Не сакам да бидам копија, сакам да имам своја приказна, мислам дека е важно да имате висока доза на самодоверба“, истакна Французинот.

За крај тој испрати и еден совет за неговите помлади колеги.

„Не слушајте ги оние кои се сомневаат во вас, секогаш верувајте во своите соништа и не им верувајте кога ви зборуваат дека некои работи се невозможни“, заврши супер талентираниот фудбалер на ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ваква искреност ретко се гледа: Бевме сра*е!

Вест Хем вчера ремизираше со тимот на Саутхемптон (1:1), а по натпреварот пред камерите за…