Пеп Гвардиола истакна дека Манчестер Сити сака да ги почитува правилата на УЕФА во однос на Финансискиот фер-плеј.
Последниве денови во екот е аферата во која се открива како Манчестер Сити и ПСЖ ги избегнувале казните поради кршење на Финансискиот фер-плеј.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Она што јас можам да го кажам е дека им верувам на сите во клубот. Нормално дека сакаме да ги почитуваме правилата на УЕФА и на Премиер лигата. Во клубот знаат што треба да правиме. Да бидам потполно искрен не знам точно што се случило, бидејќи мене ме интересира само теренот и соблекувалната“, истакна Гвардиола.
„Луѓето истото го зборуваат за овој клуб веќе десет години. Се зборува дека победува само затоа што има пари. Тоа е проблем со кој секогаш ќе се соочуваме. Со тоа мора да живееме сите во клубот“, заклучи каталонскиот страгег.