Дома Фудбал Останато Видео: 14-годишно дете постигна гол во најголемото дерби!

Видео: 14-годишно дете постигна гол во најголемото дерби!

Синоќа се играше парагвајското „Ел Класико“ помеѓу големите ривали Церо Портено и Олимпија, а мечот го реши 14-годишно дете.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фернандо Овелар минатата седмица дебитираше за сениорскиот тим на Церо Портено, а овој викенд го постигна и својот прв погодок и стана најмладиот стрелец во историјата со само 14 години.

Овелар во 16-та минута одлично и избега на одбраната на Олимпија, а потоа ја смести топката во противничката мрежа.

https://youtu.be/tVGv66fMsU0

Натпреварот на крајот заврши без победник (2:2), но резултатот остана во сенка на големото достигнување на 14-годишниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Зошто за Белингем не се применуваше новото правило на ФИФА?

Англиската фудбалска репрезентација се соочи со обвинувања за привилегиран судиски третман…