Дома Фудбал Останато Гвардиола: Никогаш не сум се обидел да го доведам Меси – никогаш!

Гвардиола: Никогаш не сум се обидел да го доведам Меси – никогаш!

Oткако денес „Мундо Депортиво“ објави детали од наводната понуда на Манчестер Сити за Лионел Меси, Пеп Гвардиола се огласи на таа тема.

Пеп веќе долго време тврди дека Меси ќе ја заврши својата кариера во Каталонија, но и покрај тоа секогаш се поврзува со трансфер во Манчестер Сити. Сепак, Гвардиола во изјава за англиски „Стандард“ порача дека никогаш не се обидел да го доведе Меси.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Кога стигнав во Баерн и Манчестер Сити, никогаш не сум побрал да ми биде доведен Меси. Знам колку тој е важен за Барселона. Никогаш не направив таков чекор. Никогаш. Ви кажав 1000 пати дека сакам да остане во Барселона“, порача Гвардиола.

Гвардиола во четири сезони во Барселона освои 14 трофеи што го прави најуспешен тренер во историјата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рико не му простува на Ридигер: Да му се извинам ли за тоа што ме удри?

Речиси два месеца по натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Хетафе, тензиите поради инцидентот к…