Дома Фудбал Англија Сари не е загрижен што Жиру веќе 13 натпревари не постигна гол за Челзи

Сари не е загрижен што Жиру веќе 13 натпревари не постигна гол за Челзи

sari

Тренерот на Челзи, Маурицио Сари изјави дека не е премногу загрижен поради фактот што напаѓачот на оваа екипа, Оливие Жиру веќе 13 натпревари не постигна гол.

Жиру во Челзи пристигна на почетокот на оваа година од Арсенал, но ефикасноста во овој клуб и не му е на завидно ниво. Францускиот напаѓач веќе 13 натпревари не постигна гол и очигледно е дека Челзи веројатно во Жиру и Мората има напаѓачко дуо кое е најмалку „расположено“.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Меѓутоа, италијанскиот стратег изјави дека не го загрижува голгерерскиот пост на Жиру и дека е задоволен од игрите на овој напаѓач. Жиру во досегашниот дел од сезоната запиша четири асистенции и за него тоа е поважно од головите.

„Пред месец дена зборувавме дека сме загрижени што играчите за врска не постигнуваат голови, а сега почнаа тоа да го прават. Во три натпревари Баркли даде два, а Лофтус три гола. Ако продолжиме вака да играме сигурен сум дека и напаѓачите ќе проработаат. Не сум премногу загрижен поради нив, бидејќи тие доприносуваат многу со своите игри. Жиру во сезоната не постигнува многу голови, но работата која ја прави на теренот е неверојатна“, изјави Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челси гради шампионски тим: Мареска ќе купи две засилувања од Дортмунд

Челси оваа сезона игра во одлична форма и моментално се наоѓа на второто место во англиска…