Дома Фудбал Англија Клоп: Против Кардиф без Хендерсон и Кеита

Клоп: Против Кардиф без Хендерсон и Кеита

Екипата на Ливерпул по победата над Црвена Ѕвезда од 4:0 во ЛШ го пречекува Кардиф во десетто коло од Премиер лигата. Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп зборуваше за тоа кој ќе го пропушти овој дуел и за другите актуелноти од „Енфилд“.

Кардиф оваа сезона е еден од најнеефикасните тимови во Премиер лигата и веројатно е дека ќе има проблеми против Ливерпул кој е еден од трите непоразени тима во Премиер лигата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Кардиф заслужува почит и ќе го добие. Пред овој натпревар доста се фокусиравме на прекините, бидејќи тоа не беше нашата вистинска сила. Кардиф има многу долги аути, тоа е тешко и го прави натпреварот интересен. На светот тие можат да играат на двете крила брзо и директно“, изјави Клоп.

Клоп потврди дека Ливерпул и понатаму не може да смета на Хендерсон и Кеита, а ги пофали Ориџи, Соланке и Клајн. Исто така бил задоволен од играта на Фабињо против Црвена Ѕвезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерите на Ливерпул открија како им се изговараат имињата, ќе се изненадите (Видео)

Во Англиската Премиер лига, како и во многу европски фудбалски првенства, играчи од сите д…