Дома Фудбал Останато Дембеле силно ги налути челниците на Барса – еве зошто!

Дембеле силно ги налути челниците на Барса – еве зошто!

Иднината на Осман Дембеле во Барселона е под голем знак прашалник по последниот настан чиј главен актер беше поранешниот играч на Рен и Борусија Дортмунд.

Французинот жестоко го изнервира тренерот Ернесто Валверде, бидејќи без објаснување закасни на тимскиот состанок пред натпреварот со Интер во Лигата на Шампионите. Валверде го закажaл состанокот во 19:00 часот, бидејќи мечот беше закажан за 21:00. Дембеле се појавил во соблекувалната на „Камп Ноу“ во 19:25.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Во отсуство на повредениот Лионел Меси беше очекувано Дембеле да добие поголема минутажа, но по овој инцидент, тешко дека Валверде ќе му даде можност во блиска иднина. На негово место, шанса за игра против Интер добија Кутињо и Рафиња, стрелец на водечкиот гол, додека Дембеле целиот натпревар остана на клупата за резерви.

Дембеле во Барселона пристигна кон крајот на август 2017. година, но не имаше среќа, бидејќи поради повреда на мускулот беше надвор од терените пет недели. По тоа, заработи повреда на задната ложа, така да јасно е дека инвестицијата од 105 милиони евра не исплатеше за шампионот на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Турција со два идентични гола до четвртфинале🎥

Репрезентацијата на Турција е последниот четвртфиналист на ЕП откако ја совлада Австрија с…