Дома Фудбал Останато ФОТО: Навивачите на ПСЖ бесни – Што правеше Бразилецот вчера во Барселона!?

ФОТО: Навивачите на ПСЖ бесни – Што правеше Бразилецот вчера во Барселона!?

Минатиот викенд, фудбалерите на ПСЖ на домашен терен го совладаа Амиен со 5:0, а натпреварот на „Паркот на принцовите“ го пропушти најскапиот играч во историјата Нејмар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По репрезентативната пауза Нејмар се врати во Париз, но не беше во конкуренцијата за натпреварот против Амиен. Во последно време доста се шпекулираше за тоа дека Бразилецот сака да се врати во Барселона и дека е несреќен во дресот на францускиот шампион.

Меѓутоа, Нејмар ги демантираше тврдењата дека сака да се врати во Барса и порача дека тоа се измислици на шпанските медиуми. Но, бразилскиот фудбалер вчера дополнително ја загреаа атмосферата во јавноста откако што отпатува за Барселона, каде што се дружеше со поранешните соиграчи.

Нејмар одлучи да се прошета по улиците на каталонскиот град со соиграчот од репрезентацијата, Архур Мело, а ова дуо привлече големо внимание. Но, она што ги налути навивачите на ПСЖ е фактот дека јавно одлучи да открие каде се наоѓа во Барселона, што на многумина не им се допадна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Проклетството“ на семејството Клајверт: Татко и син на ист датум и на ист начин промашија пенали! (Видео)

Фудбалерите на Холандија трет пат по ред испаднаа на Светските првенства после полошо изве…