Фудбалерите на Фулам вчера доживеаа пораз на гостувањето во Кардиф со 4:2 и така остана на дното на табелата во англиската Премиер лига.
Повратникот во друштвото на најдобрите мака мачи на почетокот на сезоната, а голем проблем за Фулам претставува очајната одбрана. На девет натпревари овој тим прими неверојатни 25 гола со што е убедливо најлошиот тим од сите екипи во Премиер лигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фулам минатото лето доведе многу засилувања во своите редови, но јасно е дека повеќето од нив не се вклопија во играта на овој тим. Едно од засилувањата беше и голманот Фабри кој пристигна од Бешикаш, но настапи на само два натпревари за Фулам.
Според пишувањето на англиските медиуми, Фабри изразил големо незадоволство од својата минутажа и му кажал на Славиша Јокановиќ дека сака уште во јануари да се врати во Бешикташ. Наводно, неговиот пријател потврдил дека Фабри е несреќен во Англија и дека сака што можно поскоро да се врати во Турција.
„Сакам да се вратам. Направив огромна грешка што си заминав од Бешикташ“, наводно му рекол Фабри на неговиот пријател.