Дома Фудбал Останато ФОТО: Витсел не личи на себе на ФИФА 19, но затоа на ПЕС изгледа неверојатно

ФОТО: Витсел не личи на себе на ФИФА 19, но затоа на ПЕС изгледа неверојатно

Белгискиот репрезентативец, Алекс Витсел одлучи да ја критикува ЕА Спортс поради својот изглед на новата ФИФА 19, бидејќи апсолутно не личи на себе.

Фудбалерот на Борусија Дортмунд преку својот Твитер профил упати критики до ЕА Спортс, бидејќи јасно е дека не се потрудиле повеќе околу неговиот изглед на новата игра. Витсел веќе долго време е на фудбалската сцена и на многумина не им е јасно како можеле да допуштат да го направат ова.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Витсел на новото издание на популарната игра ја има својата претпознатлива фризура, но се другото нема никаква врска со Витсел. Но, наскоро по тоа некој му испратил фотографија со Конами играта ПЕС 19, на која изгледа неверојатно.

Иако ЕА Спортс ги доби речиси сите лиценци за ФИФА 19 во Конами не пронајдоја начин да ги надминат. Изгледот на играчот на ПЕС е неверојатен, а имаме доста примери за тоа. Сепак, Витсел е еден од доказите дека ПЕС се грижел за се.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…