Дома Фудбал Германија Германците признаа: Кризата беше очекувана!

Германците признаа: Кризата беше очекувана!

Претседателот на Германскиот фудбалски сојуз, Рајнхард Гриндел повика на обединување по тешкиот пораз со 0:3 од Холандија во Лигата на нациите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Беше јасно на сите нас дека во националниот тим ќе има криза по разочарувачкото претставување на Светското првенство. Затоа сега е повеќе од потребно да останеме обединети како тим на и надвор од теренот“, рече Гриндел.

Поразот го зголеми притисокот врз селекторот Јоаким Лев, кој има договор со федерацијата до 2022 година.

Гриндел не сакаше да коментира за иднината на тренерот и ги повика сите во тимот да се концентрираат на претстојниот натпревар со Франција во вторник и реваншот со Холандија другиот месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

„Роналдо? Ништо посебно, немавме посебен план за да го запреме…“

Португалската репрезентација одигра само 1-1 против Конго во својот прв натпревар на Мунди…