Килијан Мбапе не престанува да ја воодушевува спортската јавност, во вчерашната победа на неговиот тим против Лион младиот фудбалер постигна четири погодоци.
Со таквото достигнување Мбапе стана најмладиот фудбалер кој успеал да постигне четири гола на еден официјален натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Додека целиот свет се восхитува на неговото достигнување, самиот Мбапе не е премногу задоволен и тврди дека можел да постигне и повеќе од четири погодоци.
„Постигнав четири погодоци, но претходно промашив неколку фантастични прилики. Можев да постигнам неколку погодоци повеќе“, изјави Французинот.
Мбапе има само 19 години, зад себе има 135 натпревари на кои постигнал 67 погодоци и запиша 37 асистенции. Оваа сезона тој заедно со Нејмар е најдобар стрелец на францускиот тим со осум постигнати погодоци.