Дома Фудбал Останато Роналдо конечно му честита на Модриќ, а потоа го провоцираше Салах

Роналдо конечно му честита на Модриќ, а потоа го провоцираше Салах

Хрватскиот фудбалер, Лука Модриќ пред неколку дена беше прогласен за најдобар играч во светот на ФИФА церемонијата „The Best“.

Модриќ за оваа награда се бореше против Роналдо и Салах, а на крајот доста убедливо дојде до првото место. Она што многумина ги налути е одлуката на Роналдо да не дојде на оваа церемонија, а со денови не зборуваше за сето она што се случуваше.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Меѓутоа, на Инстаграм Роналдо конечно одлучи да прокоментира за тоа дека Модриќ е најдобар играч во светот за оваа година. Фудбалерот на Јувентус му честиташе на својот поранешен играч на освојувањето на оваа награда, но испрати и интересна порака.

„Му честитам на Лука за освојувањето на оваа награда. Јас освоив неколку. Сепак, играм за да победувам, а не да освојувам награди. Веќе 15 години сум на највисоко ниво и горд сум на се што имам постигнато. Голот на Салах најдобар? Му честитам, тоа беше прекрасен гол, но мојот беше најдобар“, напиша Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи со официјална понуда за Дарвин Нуњез

Наполи не се откажува од намерата да го привлече напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез, иако…