Дома Фудбал Англија Јунајтед по се се огласи на Твитер со јасна порака за играчите

Јунајтед по се се огласи на Твитер со јасна порака за играчите

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед денеска играат во гости против Вест Хем во рамките на седмото коло од англиската Премиер лига.

Атмосферата во соблекувалната на Јунајтед не е баш најдобра, а веќе со денови во центарот на вниманието е конфликтот на Мурињо и Погба. Од Јунајтед оваа сезона многу се очекува, но не ја започнаа онака како што се надеваа. По киксот во минатото коло на домашен терен против Вулверхемптон навивачите на овој тим се надеваат дека денеска со три бода ќе го напуштат Лондон.

На „Олд Трафорд“ со сите сили се обидуваат да ја вратат добрата атмосфера меѓу фудбалерите, а пред натпреварот против Вест Хем на официјалната Твитер страница се појави интересна фотографија. Таа ја објави Санчез на Инстаграм, а клубот ја сподели со опис „Обединети заедно“.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерите летнаа за Љубљана, против Словенија да се подобри впечатокот (Фото)

Македонската фудбалска репрезентација утрово замина за Љубљана, каде што утре од 20.45 час…